Вести Македонија Најважни

Мицкоски: Политиката на свиткана кичма, на предавства и лесно потпишување на договори нè доведе во оваа ситуација

Егзибициите на опозицијата не би ги коментирал. Тие се само континуитет на оние предавства и порази кои што ги направија во минатото, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за коментар на обвинувањата од лидерот на опозициската СДСМ, Филипче кој рече дека „наместо да се напредува во евроинтеграциите, се назадува, нема политичка волја и се отвораат веќе затворени прашања“.

„Додека жестоко се бориме како влада да ги повратиме позициите кои што тие ги оставија во минатото слободни и ги предадоа националните интереси на државата, тие гледаат од зад грб дополнително да стават товар. Ние сме силни и ќе го издржиме сето тоа. Мислам дека тоа е погрешна политика која што ја води опозицијата. Мислам дека политиката на свиткана кичма, на предавства, на лесно потпишување договори и слично нè доведе во оваа ситуација во која што сме. Оваа влада и дипломатија работи на враќање на изгубените позиции, но и на светот да му покаже во суштина што се крие поради срто она кое што порано беше кажувано како едноставна работа, само да се промени уставот и завршено е се. Готово, ќе почне мед и млеко да тече по улиците, птиците ќе пеат, цвеќињата ќе растат и се ќе биде перфектно, а во суштина не е така“, одговори Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе