Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во емисијата Топ Тема на прашањето што ќе значи најавенето Електронското архивирање кажа дека државата досега го кочела приватниот секотор во дигитализацијата на архивите, но со реформите кои и ги најави истакна дека тоа ќе се промени.
има Десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски. Хартиентиот дел од нивната работа беше затоа што државата бараше хартиени документи. Па имаше дигитални, електронски фактури и истите испечатени затоа што требаше да се чуваат една година во архива и тоа го правеа бројни компании од приватниот секотор. Сега на тие кои што ги исполнуваат стандардите за второстепена заштитра на дигитална архива ќе им дозволиме да чуваат исклучиво електонска архива. И на тој начин да ја споделуваат во изградбата на електронскиот архив кој што ќе го споделуваме во државниот архив, вели министерот.
За државните институции пак истакна досега немало обврска да се прилкучуваат на нациналната платформа за документ менаџемнт систем што тие ја водат, но сега со измените на овој закон имаат обрвска да водат електронска архива и самите за да може да споделуваат електронски документи.