Тројца Палестинци беа смртно застрелани денеска откако повеќе десетици Израелски доселеници нападнаа палестинско село во окупираниот Западен Брег, потврдија палестинските власти.
Израелската војска соопшти дека нивните припадници кои пристигнале на локацијата виделе дека доселениците и палестинците се каменувале меѓусебно.
Според овие информации, неколкумина „терористи“ отвориле оган и ги нападнале војниците, кои возвратиле со истрели од автоматско оружје.
Истовремено, биле уапсени и пет Израелци.
Палестинското министерство за надворешни работи соопшти дека еврејските доселеници ги нападнале селаните во нивните домови, во настанот кој се опишува како „терористички напад“.
Министерството исто така соопшти дека израелците ги спречиле амбулантните екипи да им помогнат на ранетите и ги спречиле пожарникарите да влезат во селото во период од неколку часа.
Израел има изградено околу 160 доселенички населби ,во кои се сместени околу 700 000 евреи, откако ги окупираше Западниот Брег и Источен Ерусалим, во војната од 1967-та година.
Според проценките, околу 3,3 милиони Палестинци живеат заедно со евреите на Западниот Брег.