Забранет е увозот во Косово на живи овци и кози од Македонија поради потврда за присуство на болеста „син јазик“ кај добитокот во земјата, соопшти денеска косовската Агенција за храна и ветеринарство.
Агенцијата упати повик до сточарите да ги држат своите стада под надзор, да не ги пуштаат во граничните зони со Македонија и да се избегнуваат контакти со животни од нашата земја.
Син јазик е вирусна болест и најчувствителни на тој вирус се овците, по што следуваат козите и говедата. Косовската агенција нагласува дека таа болест не се пренесува од животни на луѓе, ниту директно од животно на животно.