Вести Најважни

Во тензична атмосефара помина извештајот за Македонија во Комитетот за надворшени работи на ЕП

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) го усвои Извештајот за Македонија на известувачот за земјава, европратеникот, Томас Вајц, со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“. На гласањето му претходеше предлог со кој во име на најголемата група во европскиот парламент Европските народни партии  германскиот европартеник пратеникот Михаел Галер, предложи амандман со кој македонскиот јазик и идентитет требаше да се означат како „модерни“. Предлогот на Галер не помина, но тој најави дека истиот амандман ќе биде предложен и на пленарната седница на Европскиот парламент кога ќе се расправа и гласа за извештајот за Македонија.

Известувачот за Македонија, европратеникот Томас Вајц, по усвојувањето во писмена изјава напиша дека е горд на целата напорна работа која била вложена во изнаоѓање на компромис.

„Денес го усвоивме првиот извештај за земјата по 2022 година во Комитетот за надворешни работи. Горд сум на целата напорна работа што беше вложена во наоѓањето компромиси за да можеме да го донесеме овој добро избалансиран Извештај со широко политичко мнозинство. ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во предизвикувачкиот геополитички пејзаж со кој се соочуваме. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го одржиме моменталниот добар моментум за понатамошно унапредување на процесот на проширување“, напиша Вајц во својата изјава.

Гласањето помина во тензична атмосфера во која претседавачот со Комитетот, Дејвид Макалистер, потсети дека минатата година не беше усвоен Извештајот за Македонија и оти се надева дека  за тоа ќе се случи денеска, бидејќи на Европската унија и е потребна позиција по ова прашање од Парламентот. Мекалистер притоа повика извештајот на Вајц да се поддржи без изменети формулации.

По гласањето се случи и инцидент, кога бугарскиот европратеник, Ивајло Валчев реагираше бурно, по што беше дадена кратка пауза.

Извештајот за Македониј ќе се најде на дневен ред на пленарна седница на Европскиот парламент во јули, кога ќе се решава за неговото конечно усвојување.

Инаку во Извештајот на Вајц за Македонија и се дава целосна поддршка на земјава за европска интеграција, но и се бара усвојување на уставните измени, со охрабрување на политичките партии за конструктивен дијалог за постигнување консензус за потребните уставни амндмани. Во делот на функционирање на демократските институции пак се нотира голема политичка поларизација во земјата, потреби од измени на Изборниот законик, подобрување на мерките за финансирање на политичките апртии и нивните кампањи, пред се во делот на транспарентноста, а се бара и почитување на принципот на заслуги во јавната администрација и транспарентност при вработувањето во неа. Во извештајот на Вајц се нотира и загриженост за влошување на следењето на корупцијата, посочувајќи дека причина за тоа се и измените на Кривичниот законик, а се забележува и дека останува ниската доверба во судството.

Вајц кој доаѓа од групата на зелените во Европскиот парламент, во Извештајот бара и земјата да преземе итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото на Васил Јованов се гони за поблаго кривично дело

Дејан Дејан

Државниот завод за ревизија утврди слабости во финансиското работење на Општина Центар

Дејан Дејан

(ФОТО)Пораки од „Кој е следен?“ – Наведнатата глава не ни помага – сабјата упорно нè сече

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе