Премиерот Христијан Мицкоски ја истакна економијата како главен приоритет на Владата, нагласувајќи раст на БДП од 3,2% во првиот квартал од годината. Тој најави дека автопатот Врбјани-Охрид, долг 40 километри, ќе биде отворен на 12 јули, како дел од најголемата изградба на патишта од независноста досега.
Владата обезбеди 500 милиони евра за поддршка на компании и општински капитални проекти, додека странските инвестиции достигнаа како што рече рекордни 1,255 милијарди евра, со нови големи вложувања во автомобилската и индустријата за батерии.
Мицкоски посочи и намалување на јавниот долг, повисоки плати во администрацијата и зголемени пензии за над 300 илјади пенионери. Во делот на инфраструктурата, покрај автопатот Врбјани-Охрид, се гради и автопатот Тетово-Гостивар и други значајни патни и железнички проекти.
Владата инвестирала и во енергетски проекти, гасни интерконектори, како и во земјоделството преку субвенции и поддршка на земјоделците, со што ја зајакнува економската стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните.