Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди на опасноста од „неконтролирана ескалација“ на Блискиот Исток, по американските воздушни напади врз Иран. Говорејќи од Осло за време на државна посета и во пресрет на самитот на НАТО, Макрон изјави дека ризикот од ескалација е „очигледен“.
Неговото предупредување дојде непосредно пред Иран да изврши ракетен напад врз американската воена база Ал Удеид во Катар, во одговор на американското бомбардирање на иранските нуклеарни објекти.
Иран соопшти дека бројот на ракети што ги испратил бил еднаков на бројот на американски бомби, со што испратил сигнал дека сака да избегне понатамошна ескалација. Иран истакна дека ја избрал базата бидејќи се наоѓа надвор од населени места.