Тинејџерите во Австралија преку училишна програма за земјоделски и сточарски активности се запознаваат и учат како да бидат локални фармери. Многу од нив уште од најрана возраст пројавуваат љубов кон земјоделството и сточарството како идна професија.
Од управување со трактор, па до одгледување на земјоделски култури учениците кои учествуваат на земјоделската програма велат дека е поинтересно од предметите како англиски јазик и математика.
„Тоа е едноставно одлично. Научивме вештини што можеби никогаш не би ги научил“ рече ученик.
2 изјава „Би сакала да работам и во земјоделството и во индустријата за стрижење за да можам да искусам многу работи поврзани со сточарството и агрокултурата“ изјави ученичка.
3 изјава „Да, мислам дека ова е подобро од математика и англиски“ рече ученик.
Во Западна Австралија, училиштата активно работат во инспирирање на тинејџери да истражуваат професии поврзани со земјоделството. Во локалното средно училиште во југозападниот град Бојап Брук бројката на нови ученици секојдневно расте, откако повторно се отвори програмата за училишна фарма.
„Курсот CERT 1 по земјоделство е најпопуларниот курс. Многу ученици од 9-то и 10-то одделение избираат да го следат курсот по земјоделство. Минатата година немавме ученици од 10-то одделение, а оваа година имаме 13“ вели директорката на училиштето.
Учениците добиваат искуство од прва рака во земјоделството, преку набљудување на локални земјоделци кои одгледуваат јачмен, a дополнително можат да запишат курс и да добијат диплома.
Теа Димковска