Вести Најважни Свет

Трамп: Ако иранскиот режим не може повторно да ја направи Иран голема, зошто тогаш да не би дошло промена?

„Полн погодок“, вака претседателот на САД Донлад Трамп ги нарече нападите врз Иран и оцени дека иранските нуклеарни капацитети се соочиле со уништување и покрај тоа што Обединетите Нации сѐ уште со сигурност не ја утврдиле  вистинската предизвикана штета врз нуклеарните капацитети..Трамп уште и го потиикна прашањето доколку  сегашниот ирански режим не може повторно да ја направи Иран голема, зошто тогаш да не би дошло промена? Израелскиот премиер пак Бенјамин Нетанјаху ги поздрави нападите и му се заблагодари на Трамп за, како што рече, „непоколебливата поддршка во одбраната на Израел и глобалната безбедност“…

Претседателот Трамп не постави никакви услови. Морам да кажам дека ова не е природата на нашиот однос. Зборуваме отворено.  Зборуваме како пријатели, вистински пријатели. И тој е одличен лидер. Но, тој ги носи одлуките за Америка.  Дали знаев? Да, знаев однапред. Тоа е природно. Исто како што  тој знаеше однапред кога ние ќе дејствуваме, така и ние знаевме однапред кога тој ќе дејствува,изјави, Бенјамин Нетанјаху премиер на Израел

 Иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир Саеид Иравани, синоќа изјави дека иранската армија ќе го одреди „временскиот момент, природата и размерот“ на одговорот на неговата земја на американските и израелските напади…

За времето, природата и  обемот на пропорционалниот одговор на Иран ќе одлучат  неговите вооружени сили. Низ историјата, отпорната и обединета иранска нација  издржала подлабоки рани и се соочила со пожестоки непријатели. И овој пат ќе го  покаже своето достоинство, сила и величина пред светот,изјави– Амир Саид Иравани, ирански амбасадор во ОН

Обединетото Кралство и Франција повикаа на итна деескалација и враќање на дипломатските канали, предупредувајќи дека Блискиот Исток се наоѓа на пресвртна точка…

 

Емануел Макрон, француски претседател

-Ова е клучен момент за  регионот. Понатамошната  спирала на конфликт  претставува сериозен ризик за регионалниот и  меѓународниот мир и стабилност. Наш најголем приоритет сега мора да биде поддршката на  деескалацијата,изјави Барбара Вудворд, амбасадорка на Велика Британија во ОН

 

Иран да не може да се здобие со нуклеарно оружје, а исто така и да нема неконтролирана  ескалација во регионот, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

 И Русија и Кина ги осудија американските и израелски воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки  кои ги нарекоа дестабилизирачки и опасни по регионалната и глобалната безбедност

Преку своите постапки, САД  ја отворија Пандорината кутија.  Никој не знае какви нови  катастрофи и страдања  ќе донесат. Во последните десет дена имавме три брифинзи од генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.Изјави Василиј Небензија, руски амбасадор во ОН

Светот е на нозе поради нападите врз Иран, протести се одржаа во Њујорк каде се судрија мислењата околу акцијата на претседателот Трамп..

-Отворивме конзерва со црви што нема да можеме да ја затвориме,

само сум тажна, изјави жителка на Њујорк.

 

-Сметаме дека ова е опасна провокација. Политиката на Трамп е очигледно да ги разгори пожарите и да се обиде да започне Трета светска војна. Во никој случај не станува збор за преговори. Апсолутно е смешно од него да го каже тоа и никој не треба да верува во тоа, изјави жителка на Њујорк.

 Со  почнувањето на операцијата „Полноќен чекан“, нападот врз трите клучни ирански нуклеарни постројки Фордо, Натанз и Исфахан беше најголемата оперативна акција на бомбардерите „Б-2“ досега. Тие испуштиле 14 бомби за разбивање бункери , секоја тешка по 13,6 тони, а во целата операција учествувале 125 воени авиони.

Кристина Кузмановски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали и колку сме спремни да се справиме со пожарите?

Дејан Дејан

УСС-УКИМ бараат функционални лифтови и топла вода во студентските домови

Дејан Дејан

МНРиНТ: Уште едно семејство ќе биде евакуирано од Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе