Земјава се соочува со една појава која постојано ни се повторува. За жал не ги учиме лекциите од минатото. Скопје секоја година има од 1.100 до 1.200 пожари.
Проблемот е што нема стратегија која ќе помогне од година во година ваквата статистика да бележи намалување на ваквиот тренд.
Дополнителен проблем е што пожарникарите не располагаат со доволно опрема и капацитети за справување со големи шумски пожари.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.