По трагедијата во Кочани засилени се инспекциските контроли и биле утврдени разни недоследности на објектите ширум државата, а некои од нив добиле и забрана за работа, вели заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Додава дека нивните инспектори и колегите од останатите инспекторати во координација со МВР проверувале колку газдите се придржувале и ги почитувале законите.
Меѓувреме министерството за економија и труд спрема нова законска регулатива која ќе предвидува поригорозни казни како поголема координација на институциите во издавањето на дозволите, поредовна контрола и затворање на објекти.