Вести Македонија

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Операцијата што ја спроведоа САД во Иран несомнено има два аспекта, едниот е воен и има големо значење гледано од геополитички аспект, истакна Славјанка Петровска, поранешна министерка за одрбана и пратеничка на СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Мислам дека целта беше да се испратат пораки на два фронта. Еден е кон сојузниците и на САД и на Израел, а вториот е кон ривалите или поддржувачи или оние кои би можеле во еден момент да ги поддржат дејствија на Иран, што се виде ден потоа од средбите и контактите што ги имаше министерот за надворешни работи на Иран, одејќи во Москва, пораките кои од таму беа пратени, итн. Нападот на Иран врз бази на САД во Катар дава еден поинаков, поспецифичен момент, а тоа е дека ќе следува и одоговорот на сојузниците на САД и на Израел, затоа што вчера уште пожестоко продолжија и нападите врз Израел“, смета Петровска.

Ако до пред неколку часа, според неа, едно од сценаријата беше повик за дипломатско решение, на седнување на маса и на разговори, сега стравува дека тоа е малку подалеку на агендата.

„Ако се анализираат изјавите кои претходно беа давани, особено како официјални ставови на Белата куќа или на претседателот Трамп, тогаш во дел од нив можеше да се наговести ќе следува напад. Останува енигма за пошироката јавност какви пораки биле испраќани во директна комуникација, затоа што официјалните изјкави повикуваа на комуникација, Иран да се одврати од создавање на нуклеарно оружје. Дури ако се видат изјавите на директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, ќе се види дека тој вели оти „да, нема нуклеарно оружје“, „дека нема докази“, но дека „има нуклеарен материјал“. И ако се анализираат оние изјави за колку кратко време е потребнода се направи првата нуклеарна бомба, тогаш веројатно оваа акција на САД е резултат на добри разузнавачки информации кои ќе се сложиме дека во минатото, поновото минато, нивните разузнавачки служби имаа поприлично точни и прецизни информации“, вели Петровска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Судар на мотор и автомобил на раскрница на Партизанска- викендот имало зголемен број на повредени во сообраќајни несреќи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе