Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се директно фокусирани само на состојбата во Иран, смета Славјанка Петровска поранешна министерка за одбрана и пратеничка на СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Ако промената на режимот во Иран не беше на дневен ред, сега имаме нова политичка порака што се праќа. Во вакви околности ќе биде многу тешко тоа да се случи, затоа што сега таму е војна практично. Меѓутоа прашање на време е дали тоа ќе ги мобилизира граѓаните во одрбана или, пак, ќе се зголеми бројот на оние кои што ќе побараат промена на тој режим“, вели Петровска.