Нема жртви во иранскиот напад врз американската база Ал-Удеид, соопштија катарски официјални лица, пренесува „Скај Њуз“.
Катар дополнително соопшти дека го задржува правото на директен одговор во согласност со меѓународното право. Властите во Доха соопштија и дека противвоздуѓната одбрана ги пресретнала иранските ракети.
„Уверени сме дека катарските противвоздушни сили го запреа нападот и успешно ги преретнаа иранските проектили. Благодарние на Бога, будноста на оружените сили и преземените мерки на претпазливост, инцидентот не резултира со никакви смртни случаи и повредени“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана на Катар.
Според катарското Министерство за одрбана, воздушниот простор и територијата на земјата се „безбедни“.
„Ова го сметаме за грубо кршење на суверенитетот на Државата Катар, на нејзиниот воздушен простор, на меѓународното право и на Повелбата на Обединетите Нации“, напиша Мајед ал-Ансари, портпарол на министерството за надворешни работи на Катар.
(Видео) Иран ја нападна Ал-Удеид во Катар, најголемата воена база на САД на Блискиот Исток