Вести Македонија

Арсовски: Ударот на САД врз Иран, од воен аспект, е ремек дело, тоа што нема радијација и жртви укажува дека нуклеарниот материјал бил евакуиран

Тврдењата на американската администрација за нивната интервенција, односно удар по иранските нуклерани капацитето, од воен аспект гледано е ремек дело на добра подготвеност, прецизност, тајност и беспрекорно извршување, рече Павле Арсовски пензиониран генерал-мајор и актуелен пратеник на ЗНАМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Да подигнете маса од 125 авиони, да направите едно стратегиско залажување, да тргнете бомбардери кон Гуам, кон западниот Пацифик, а истовремено цела таа ескадрила да ја пуштите преку Атлантикот, да влезе во Средоземјето и да изврши прецизни удари и да се извлечќе од таму без било какви последици е навистина… Тоа го можат само САД и нивната армија“, вели Арсовски.

За ефектите, Арсовски верува дека е направена извесна материјална штета.

„Можете да направите извесна материјална штета на нивните центрифуги и подземни инсталации, но не можете да ја уназадите таа нуклеарна програма во знаење и во технологија која што Иранците ја развиваат низ неколку децении. Индикативно е дека САД за нападот врз иранските нуклеарни постројки имаат по дипломатски канали најавено за ударот. И ние следиме дека од „Фордо“, од една од локациите, ден пред ударот имало голема раздвиженост и голем дел од тој нуклеарен материјал е извлечен од таа локација. Самиот резултат дека нема човечки жртви и дека нема зголемена радијација, покажува дека во позадина постоела одредена комуникација меѓу САД и Иран“, смета Арсовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе