Американски авиони ги бомбардираа трите најважни ирански нуклеарни инсталации Фордо, Натанз и Исфахан.
Информацијата со соопшти американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиско обраќање до нацијата, нарекувајќи ја операцијата „спектакуларно успешна“ и го предупреди Техеран дека секој нивен одговор ќе биде пречекан со уште посериозни воздушни напади.
Нашата цел беше уништување на иранските капацитети за збогатување ураниум и да ја запреме нуклеарната закана од примарната држава спонзор на тероризам во светот. Вечерва можам да му соопштам на светот дека нападите беа спектакуларен воен успех, иранските нуклеарни капацитети беа комплетно и сосема збришени. Иран, „силеџијата“ на Блискиот Исток сега мора да се согласи на мир. Во спротивно, нападите во иднина ќе бидат далеку поголеми, и многу полесни, изјави Трамп.
Како што се очекуваше, во нападот биле употребени стратешките американски бомбардери Б-2 и фамозните ГБУ – 57 бомби, способни да пробијат длабоко под земја.
Трамп им даде на Иранците рок од две недели, но нападна по само два дена