Експертите очекуваат ново покачување на цените на нафтата кога утре наутро берзите ќе започнат со тргување, поради ексалацијата на конфликтот на Блискиот Исток со американското бомбардирање на иранските нуклеарни инсталации.
Тргувањето во петокот заврши со цена од 77,01 долари за барел, откако изминатиот цената се зголеми за дури 20 проценти, раст поттикнат од развојот на ситуацијата во регионот и американските закани дека може да се влезат во конфликтот.
Американските напади го кренаа конфликтот на ново ниво, и многумина стравуваат дека тие само дополнително ќе ја влошат ситуацијата. Тој страв се отсликува преку повисока гоеполитичка премија која се додава на цената на нафтата. Никој не знае колку таа изнесува, но по правило колку поголем е стравот толку повисока е премијата, изјави за британскиот јавен сервис д-р Керол Нехеле, извршна директорка на Кристол Енерги.
И покрај растот на цената на нафтата забележан изминатиов месец, цените на горивата се се уште пониски во споредба со овој период лани, но експертите стравуваат во која насока ќе се одвива ситуацијата на Блискиот Исток.
Цената на нафтата има влијание врз широка палета на производи и услуги, почнувајќи од цената на горивата на бензинските станици до прехранбените продукти во маркетите.