Вести Македонија Најважни

Зошто ми е убиена Вањичка- таткото Александар Ѓорчевски со прашање до Палевски Палчо

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска во својот завршен збор на денешното судако рочиште, како обвинет во случајот, побара расветлување на мотивот на убиството на неговата ќерка. Прашањето го упати директно на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо.

-Од почетокот на судењето кога имаше воведни зборови, убаво се сеќавам дека станав и изразив очекување дека ќе дознам се. На целиот судски процес, цело време мижам во просторијава, меѓутоа внимателно го слушам секој збор. Сега, како се приближи кон крај процесот, имам чувство на непотполност во поглед на вистината која што очекував да ја дознам. Еден од обвинетите го посочи Палевски како човек кој ги имал одговорите на сите прашања. Токму поради тоа и само од тие причини му се обраќам на Палевски. После мене уште тој останува со завршен збор. Нека стане и во две реченици нека ја каже вистината. Зошто ми е убиена Вањичка?,  рече Александар Ѓорчевски.

Во текот на денешното рочиште, завршни зборови дадоа адвокатот на првообвинетиот Палевски Палчо, како и обвинетите во случајот со двете убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вештачката интелигенција нè затупува – студија на Технолошкиот институт во Масачусетс

Дејан Дејан

Идната недела третата рунда директни руско-украински разговори

Дејан Дејан

Врховен да пресуди кој ќе го оценува обвинението за пожарот во дискотеката Пулс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе