Кој ќе го оценува обвинението за пожарот во дискотеката Пулс ќе треба да пресече Врховниот суд. Штипска апелација по денешниот колегиум одлучила предметот со барањето да оди во највиоскиот суд, потврдија за Телма од Апелациониот суд во Штип. Овој суд го прифатил барањето на кочанскиот суд да биде изземен затоа што сите 5 мина судии имаат законски пречки – веќе решавале за мерките за обезбедување за обвинетите , нo не определил друг суд од своето апелаицоно подрачје да постпаува по предметот. За Телма објансуваат дека основните судови во Штип и Струмица кои имаат проширена надлежност, немаат ни кадровски ни технички капацитет за судскиот процес. За да се определи суд од друго апелационо подрачје треба да одлучи Врховниот суд. Од Штипска апелација најавија соопштение во текот на денот.
Пред една недела обвинителството поднесе обвинение против 34 цата обвинети за тешки дела портив општата сигурност за трагедијата во која живтотот го загубија 62 млади луѓе, а над 200 беа повредени.