Трагична несреќа се случи доцна синоќа на кружниот тек на булеварот Туристичка во Охрид, кај Мини маркет… Од засега неутврдени причини моторно возило марка голф покоси двајца пешачи… Според информациите од СВР Охрид за Телма едното лице му подлегнало на повредите другото со повреди е хоспитализирано во болницата св. Еразмо… Неофицијално станува збор за двајца сопружници кои во моментот на несреќата се затекнале на патеката на возилото кое изгубило контрола… Според првичните неофицијални информации до несреќата дошло кога автомобил од засега непознати причини изгубил контрола, преминал преку кружниот тек и излетал од колововозот на спротивната лента, при што удрил во двајца пешаци, и се забил во заштитната ограда… Истрагата за несреќата е во тек… Повеќе детали за случајот од МВР најавуваат во текот на денот…..