Вести Свет

Нетанјаху: Падот на иранското раководство не е цел, но може да биде резултат

Промената или падот на раководството на Иран не е цел на нападите на Израел, туку може да биде резултат, ова го кажа Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Прашањето за промена на режимот или падот на овој режим е пред сè прашање на иранскиот народ. Никој друг не може да го стори тоа. Затоа не го претставив како цел. Може да биде резултат, но тоа не е наведена или официјална цел што ја имаме“, рече Нетанјаху во интервју за израелскиот јавен радиодифузер Кан.

Тој рече дека Израел може да ги уништи сите нуклеарни реактори на Иран, без оглед на тоа дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе се придружи на нападот или не. Нетанјаху ја даде изјавата пред Белата куќа да објави дека ќе одлучи во следните две недели дали САД ќе се приклучат на нападите врз Иран.

Воените аналитичари веруваат дека на Израел можеби ќе му биде потребна помош од американски бомби за уништување бункери за да го уништи објектот за збогатување ураниум Фордо, клучен објект во нуклеарната програма на Иран, сместен под планина во близина на градот Ком.

На прашањето дали Израел може да го уништи Фордо без поддршка од САД, Нетанјаху рече:

„Можеме да ги уништиме сите наши цели, сите нивни нуклеарни објекти, но одлуката на претседателот е дали сака да се придружи или не. Тој ќе го направи она што е најдобро за Соединетите Американски Држави, а јас ќе го направам она што е добро за државата Израел и морам да кажам дека секој го прави својот дел.“

Во средата, Трамп рече дека САД би можеле сами да го уништат Фордо. „Но, тоа воопшто не значи дека ќе го направам тоа“, рече Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто ми е убиена Вањичка- таткото Александар Ѓорчевски со прашање до Палевски Палчо

Дејан Дејан

Сашко Мицевски нов в.д. директор на Агенцијата за филм

Дејан Дејан

Ако Хезболах нападне, ќе го нема повеќе – порака од израелскиот министер за одбрана до либанската група

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе