Вести Македонија

На 58 повредени во пожарот во Кочани веќе им е дадена компресивната облека

Четириесет и шест повредени од пожарот во Кочани во текот на утрешниот ден заминуваат во одморалиштето во Пониква. На 58 повредени кои ја носат компресивната облека веќе има видливи позитивни промени на самите лузни, вели д-р Мирчовска. Дополнително се прават мерења на уште 14 пациенти кои за прв пат ќе ја добијат компресивната облека со која можат да ги прават вежбите на физикална терапија и која има заштитен фактор. Лекарите со апел до повредените да се почитуваат препораките кои ги даваат во континуитет медицинските лица за носење на компресивната облека во текот на 23 часа.

„Исто така ќе се потрудиме да ги испочитуваме препораките на компанијата која што е производител и препораките на специјалистите кои што работат со лузни подолго. Таа компресивна облека два пара ќе им бидат потребни на секој период од шест месеци и да се менуваат во следниот период од две години и тоа во соработка со ФЗОМ ќе се обезбедуваат според нивните потреби. Во соработка со Отобок компанија од Германија која што изработува силиконски маски адаптирани со помош на 3Д скенирање на изгореници на лицето, вратот и главата кај 8 пациенти кај кои тоа е неопходно исто така ќе се изработат и во консултација со пластични хирурзи на кое место треба да има поголема компресија врз лузните“ изјави д-р Катерина Паниќ Мирчовска, директорка на Кочанската општа болница.

За две недели претставници на компаниите кои се производители на компресивната облека ќе дојдат повторно во земјава за да видат кои се позитивните и негативни забелешки на повредените во однос на мерките, па дури потоа следи изработка на втор пар. Разговарано е и со специјалист за естетски,  силиконски прсти, вели Мирчовска.

„Разговарано е со нив како привремено решение, додека се консултираат дополнително специјалисти по пластична хирургија во однос на тие дечиња кои што имаат ампутација на различно ниво на прстињата, што би бил планот за понатаму. Секако не е завршено нивното лекување и на тие што се хоспитализирани на Клиниката за пластична хирургија и од на тие што ги очекуваме дополнително да се вратат од странство“ изјави д-р Катерина Паниќ Мирчовска, директорка на Кочанската општа болница.

Во кочанската болница пристигна и првата пратка на потребни креми за апликација на изгореници и половина од количината е во одморалиштето во Пониква. Во болницата стигнале и 95  парчиња од лепенките што пациентите долго време ги барале и ќе продолжат да стигнуваат на неделно ниво. Во меѓувреме се потпишани и договорите со пулмолозите од ГОБ „8 септември“, се прават списоци на колку пациенти им е потребен контролен преглед кај пулмолог и истиот да биде направен во кочанската болница.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинетите ексдиректори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехад Нухи одат во ефективен притвор

Дејан Дејан

Протест на пелагониските сточари за лошата состојба во земјоделството

Дејан Дејан

Граѓаните во банките најмногу се задолжиле со потрошувачки и станбени кредити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе