Вести Македонија Најважни

Манев кажа кому го дал пиштолот со кој се убиени Вања и Панче – лицето е уапсено

Службеник во Народна банка, член на партијата “Десна“ на Љупчо Палевски – Палчо, попладнево е приведен откако Велибор Манев, еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во своите завршни зборови го посочи како лицето на кое му го дал пиштолот со кој се извршени двете убиства за да го уништи.

Станува збор за лицето Зоран Д. Кој работи како технички службеник во Народната банка. Од обвинителството потврдија дека тој е приведен но засега нема информации дали е најдено оружјето со кое се извршени ликвидациите или пак тој успеал да го уништи.

Претходно на денешното рочиште, во завршните зборови Манев кажа дека на барање на Палевски му го дал ранецот на сопартиецот од  Народна Банка, повтори дека не го познава таткото на Вања – Александар, признанието било дадено под присила и со физичко насилство како и дека доцна сфатил дека Палевски има двоен план

„Ранецот е кај член на Десна, вработен како техничко лице во Народна банка. Дознав кога Палевски ми се јави од турската граница и ми кажа да му се јавам на Зоран, за тоа што го зел од канцеларијата, како што се изрази Палевски „пакетот“, да го отстрани од кај него, да го фрли или да го уништи, да не може да се најде. После тоа морав да го известам Палевски дека сум се јавил и сум ја пренел пораката. Тоа е сѐ за фамозниот ранец и за тоа дека лажам за ранецот, иако го има на камери“ изјави Велибор Манев.

Завршни зборови имаше и Палевски кој вината, како и досега, ја префрли  врз сопартицјите на обвинителната клупа. Според првообвинетиот Манев бил организатор, Видевски бил ликвидаторот а Кешишев стражарот при ликвидациите. Неговиот адвокат Страшевски кажа дека не му верува на Манев, побара ослободителна пресуда и најави жалба до Стразбур доколку Палевски биде осуден.

„Цело време бевте присутни како јавност како медиуми. Самите видовте дека ниту еден доказ не се изведе против Палевски ниту некаде беше забележан, ниту имаше негова ДНК, ниту пак имаш приближно некаков доказ Обвинителството да достави, до судот, до јавноста  до нас. Такво нешто немаше. Од тие причини ние ја сведовме одбраната на тоа дека поради немање на доволно докази судот треба да донесе ослободителна пресуда. Јас лицето не го познавам, меѓутоа на Велибор Манев не му верувам на ништо што зборува, можно е уште некоја негова приказна за да заглави уште некого во овој процес“ рече Јовица Страшевски, адвокат на Љупчо Палевски.

На денешното рочиште Александар Ѓорчевски побара од Палевски да каже зошто ја убиле ќерка му, додека неговиот адвокат Туфегџиќ побара тој да биде ослободен од обвинението за помагање во грабнувањето на Вања бидејќи тој е жртва и оштетен.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест на пелагониските сточари за лошата состојба во земјоделството

Дејан Дејан

На 58 повредени во пожарот во Кочани веќе им е дадена компресивната облека

Дејан Дејан

Граѓаните во банките најмногу се задолжиле со потрошувачки и станбени кредити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе