Традиционално, на 21 јуни – Светскиот ден на музиката и првиот ден на летото, ќе започне годинашново 46 издание на најголемиот летен фестивал во главниот град „ Скопско лето“. На отворањето ќе се одржат два настани.
Во 19 часот во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „ Зона фобија“ на скулпторот Томе Аџиевски. Изложбата е инспирирана од култниот филм „ Сталкер“ на Андреј Тарковски.
А, во 20 и 30 часот во големата сала на Македонската филхармонија, концерт ќе одржи професионалниот Симфониски оркестар на Академијата за музичка уметност „ Панчо Владигеров“ од Софија. На концертот ќе диригираат, од Македонија -Ана Спасовска, а од Бугарија- Николај Хилендаров. Ќе настапат солисти од двете земји: Јана Кевска на флејта, Марија Магдалена-Жељаскова на флејта, Сања Јовиќ- Ѓорѓевиќ на виолина, Тодор Иванов на чело, Искра Атанасова-Митуш на пијано и Николај Маринов на пијано. Концертот веќе ја имаше својата премиера во Бугарија.
.