Вести Свет

Идната недела третата рунда директни руско-украински разговори

Третата рунда директни руско-украински разговори треба да биде договорена идната недела, истакна денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Што се однесува до разговорите, се очекува да се постигне договор идната недела, а се претпоставува дека ќе го дознаеме и датумот на следната рунда“, рече портпаролот на Кремљ.

Песков нагласи дека се важни резултатите од претходните рунди.

Го кажавме ова многу пати. Благодарение на работата што ја заврши нашата делегација, (помошникот на рускиот претседател Владимир Путин) Медински лично, многу од нашите момчиња успеаја да се вратат дома, во земјата“, истакна Песков.

Тој, исто така, потсети на хуманитарното значење на размената на телата на паднатите војници.

По две рунди преговори во Истанбул, Русија и Украина се согласија да разменуваат затвореници според формулата „илјада за илјада“, како и да вратат тешко болни и млади (под 25 години) затвореници според форматот „сите за сите“ – најмалку 1.000 луѓе од секоја страна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест на пелагониските сточари за лошата состојба во земјоделството

Дејан Дејан

На 58 повредени во пожарот во Кочани веќе им е дадена компресивната облека

Дејан Дејан

Граѓаните во банките најмногу се задолжиле со потрошувачки и станбени кредити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе