Вести Економија

Граѓаните во банките најмногу се задолжиле со потрошувачки и станбени кредити

8,357 милијарди евра граѓаните и компаниите им должат на банките. 4,220 милијарди е долгот на граѓаните, додека 4,056 милијарди евра должат компаниите. Според податоците на НБРM за мај банките располагаат со  9,904 милијарди евра депозити на  граѓаните и компаниите. Депозитите на граѓаните изнесуваат 6,696 милијарди евра, а на компаниите 2,782 милијарди евра.

Вкупните кредити за еден месец пораснале за 1,1%, додека вкупните депозити за еден месец пораснале за 1,4%. Rастот кај кредитите на годишно ниво изнесува 12,1%, а кај депозитите 12,2%.

Овој месец на месечно и годишно ниво граѓаните најмногу се задолжувале преку потрошувачките и станбените кредити, покажуваат податоците на НБРМ, забележан е месечен раст од 1,2%, соодветно, при годишен раст од 9,6% и 14,4%. Повеќе од 2,17 милијарди евра е износот на потрошувачките кредити, додека  1,62 милијарди евра изнесуваат станбените кредити.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест на пелагониските сточари за лошата состојба во земјоделството

Дејан Дејан

На 58 повредени во пожарот во Кочани веќе им е дадена компресивната облека

Дејан Дејан

Од врата на врата со болен татко – системот не признава човечка мака

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе