Вести Свет

Федералниот апелационен суд му дозволи на Трамп да ја распореди Националната гарда во Лос Анџелес

Претседателот на САД Доналд Трамп доби дозвола од Федералниот апелационен суд  да ја распореди Националната гарда во Лос Анџелес, објавија светските агенции.

Трамп ја донесе оваа одлука во екот на протестите во метрополата против неговата имиграциска политика, што доведе до акции на имиграциските власти за апсење на мигранти кои нелегално живеат во земјата и до масовни депортации. Протестите ескалираа во немири што траеја неколку ноќи. Поради оваа причина, Трамп одлучи да распореди војници на Националната гарда во Лос Анџелес и покрај приговорите на локалните власти. Тие го оспорија ова на суд.

Судот во Сан Франциско што ја донесе оваа одлука е составен од тројца судии, од кои двајца беа назначени од Трамп за време на неговиот прв претседателски мандат.

Градоначалникот на Лос Анџелес, Гавин Њусом, го нарече распоредувањето на Националната гарда искра што дополнително ги разгоре тензиите таму.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховен да пресуди кој ќе го оценува обвинението за пожарот во дискотеката Пулс

Дејан Дејан

Светот го одбележува Светскиот ден на бегалците

Дејан Дејан

Зошто ми е убиена Вањичка- таткото Александар Ѓорчевски со прашање до Палевски Палчо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе