Вести Свет

Путин бара Украина да прифати руски услови за мир, Зеленски тврди дека Русија избира убивање

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети Киев каде што руска ракета удри во станбена зграда, убивајќи 28 луѓе. Овој напад е потсетник за светот дека Русија го одбива примирјето и избира убивање,” напиша претходно Зеленски на Телеграм. Украинскиот претседател им се заблагодари на партнерите на Украина кои според него  “разбираат дека Украина мора да стане посилна секој ден” и се подготвени да вршат притисок врз Русија за како што пишува Зеленски да ја почувствува вистинската цена на војната.” Рускиот претседател пак Владимир Путин изјави дека Русија насочува удари само кон воената индустрија во Украина, а не кон станбените области.

Нападите беа извршени  врз воени индустрии што  произведуваат воена опрема,  а не врз станбени објекти.  Нема да дозволиме Украина  да има вооружени сили  што би ја загрозиле Руската Федерација и нејзиниот народ.  Ова се нападите што ги видоа вашите новинари. И ако не успееме да постигнеме мирно решение, ќе ги постигнеме  нашите цели со воени средства, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Путин истакна и дека Москва ќе ги постигне своите цели за „демилитаризација“ на Украина и предупреди Германија да не ѝ доставува ракети со долг дострел на Украина, тврдејќи дека тоа може да ја вовлече Германија во директен конфликт… Порача дека украинската страна треба да прифати руски услови за мир, во спротивно ситуацијата може да се влоши…

Само германски офицери ќе можат да управуваат со Таурус. Што значи тоа? Тоа ќе значи дека војниците на Бундесверот  ќе ја напаѓаат руската територија со германско оружје. Што е ова,  ако не вклучување на Сојузната Република во директен вооружен конфликт со Руската Федерација?, праша Путин.

Метата на нападите во Киев беа 27 различни локации во градот Киев, меѓу кои се стамбени објекти, училишта и клучна инфраструктура.  И покрај две рунди директни преговори меѓу Киев и Москва, нема значаен напредок во завршувањето на конфликтот. Постигнати се само ограничени договори за размена на затвореници и враќање на телата на загинатите војници.

Кристина Кузмановски

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Софија стравува од руски притисок за Извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Охрид: Извлечено тело од езерото, нема траги од насилство

Дејан Дејан

Род Стјуарт: Нетанјаху им прави на Палестинците она што им се случи на Евреите во минатото, не знам како спијат Израелците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе