Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше злоупотребен во домашниот политички наратив, веројатно беше и погрешно пласиран, истакна Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
„Беше пласиран како нужното зло што мора да се голтне за да ги отвориме вратите во НАТО и во Европската Унија и не се стави доволно акцент на помирувањето со Грција преку, од нивна страна, прифаќањето на нашето право да кажеме кои сме и каков јазик зборуваме, Македонци, Македонки кои зборуваат македонски јазик и дури фразата промена на името што го употребуваат членови на претходната влада и, секако, во големите критики на опозицијата, притоа знаејчи дека во синтагмата Република Македонија и во синтагмата Северна Македонија именката е иста и е Македонија“, вели Димитров.