Барселона и Нико Вилијамс се договорија околу личните услови под кои фудбалерот би го облекол дресот на каталонскиот тим. Договорот на шпанскиот репрезентативец би бил до јуни 2031 година и би заработувал помеѓу седум и осум милиони евра годишно.
Сега останува Барселона да ги продолжи преговорите со Атлетик Билбао околу трансферот. Вилијамс има откупна клаузула од 58 милиони евра, но Каталонците имаат проблем да ја платат поради финансискиот фер-плеј. Па сега се бараат различни решенија за да се комплетира трансферот.
Крилниот напаѓач имаше понуди од повеќе клубови, а најмногу од Премиерлигата, но неговата желба секогаш била да го облече дресот на Барселона.