Вести Свет

Милион евра по минута за Самитот на НАТО во Хаг

 Според проценетите трошоци самитот на НАТО идната недела во Хаг е најскапиот досега, односно тошоците изнесуваат 183,4 милиони евра. Врз основа на времето во кое светските лидери ќе се сретнат, според холандскиот весник „AД“ трошоците за самитот ќе изнесуваат нешто повеќе од милион евра по минута.

Според најавите светските лидери ќе одржат формален „Северноатлантски совет на ниво на шефови на држави и влади“ на Светскиот форум во Хаг идната среда во 10:30 часот.

Предвидено е состанокот да трае 2,5 часа, а генералниот секретар на НАТО, Марк Руте ќе одржи завршна прес-конференција во 14 часот, објави „НЛ Тајмс“.

Руте се одлучи за само еден состанок поради „темпераментот“ на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјавија извори од НАТО за весникот.

Тоа го прави овој самит најскап досега, кога ќе се земе предвид времето што лидерите всушност ќе го поминат на состанокот, но е исто така меѓу најскапите во апсолутни износи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Премиерот и невладините со различен став за Изборниот законик

Дејан Дејан

Вработените од психијатриската болница во Демир Хисар на протест

Дејан Дејан

Заспиваат и се будат во чад и смрдеа – жителите на Добрашинци најавија тужби за горењето на депонијата Шапкар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе