Вести Македонија

Мицкоски: Софија стравува од руски притисок за Извештајот за Македонија

Бугарската влада и бугарските европратеници притискаат да не се изгласа Извештајот за Македонија во Европскиот парламент, со образложение дека тоа ќе го зголеми рускиот притисок врз Софија. Ова како информација го обелодени македонскиот премеир, Христијан Мицкоски, велејќи дека многу јасно зборува кој го попречува евроинтегративниот процес.

„Деновиве добивам информации за повторно жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската влада дека ако биде изгласан тој Извештај, внимавајте, тоа можело да ги радикализира проруските струи против проевропската сегашна бугарска влада“,  изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, за македонската влада е доволна сатисфакција што на површина излегла вистинската причина и стратегија која доаѓа од Софија за создавање на сегашна македонска нација и нејзини сегашни идентитет и јазик.

Претходно, токму европските пратеници кои се спротивставија на амандманите на Извештајот, каде се споменуваат македонскиот идентите и јазик, му упатија порака на македонскиот премиер да размисли за своето однесување и постапки како кон Бугарија и кон Европскиот парламент.

„Неговите коментари со кои бара признавање на многувековен идентитет и култура на Северна Македонија целосно се разидуваат со реалноста, бидејќи никаде во Предлог-извештајот досега не се споменува, не се посочува, терминот „многувековна“. Тоа е интерпретација на Мицкоски која поради несогласувањата изминатите недели наложува Европскиот парламент на некаков начин да одговори на тоа за да не се остави никаков простор за погрешни толкувања“, изјави Никола Минчев, европартеник од Бугарија.

На иста линија е и неговиот колега Кристијан Вигенин.

„Никаков многувековен идентитет нема во Извештајот, да не споменувам дека сè уште не е усвоен, и оваа секојдневна интервенција на Мицкоски во работата на Европскиот парламент почнува навистина да не изгледа убаво. Ќе процениме како ќе реагира Европскиот парлемент, Комитетот за надворшени работи на Европскиот парламент, но навистина тоа што тој го прави е без преседан. Всушност, некои од предлозите за кои ние сме ги дискутирале со колегите формално сè уште не се направени, но господинот Мицкоски веќе знае и очекува да ги повлечеме. Нема да ги повлечеме“, изјави Кристијан Вигенин, бугарски европратеник.

На почетокот од јуни, Комитетот за надворшени работи го одложи гласањето за Извештајот за Македонија за да им се даде, како што објасни известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, можност на европратениците, пред сè, од редовите на десничарските пратенички групи да ги ажурираат своите лоби-регистри.

Инаку во Предлог-извештајот амандмански во неколку наврати се бара од Македонија да ги донесе уставните измени, а истовремено целосно да се почитуваат македонскиот идентите и јазик, што предизвика бурна реакција од бугарските европратеници.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс: Владата ќе троши повеќе пари, но планира и повеќе да собере во буџетот

Дејан Дејан

Повеќе ќе трошиме, повеќе и ќе собираме – финансии предлага избалансиран ребаланс на буџетот

Дејан Дејан

Клековски: Очекуваме експерт за ампутации од Словенија за повредените во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе