Вести Економија

Дизелот поскапува за 2,5 денара од полноќ, бензините со непроменети цени

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на Еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 70 денари за литар, исто како и на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1). Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 76 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 78 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,149 денари и килограми ќе чини 40,928 денари. Цената на метанот останува иста и натаму ќе се продава за 61 денар за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,305 отсто – кај дизелот за 8,111 отсто, кај екстра лесното масло за 7,554 и кај мазутот за 5,146 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Премиерот и невладините со различен став за Изборниот законик

Дејан Дејан

Вработените од психијатриската болница во Демир Хисар на протест

Дејан Дејан

Заспиваат и се будат во чад и смрдеа – жителите на Добрашинци најавија тужби за горењето на депонијата Шапкар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе