Преспанскиот договор и пакетот што Франција го стави на маса за мене се суштински спротивни и проблем е кога се критикуваат на еднаков начин и кога се фалат, вели Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Преспанскиот договор содржи афирмација на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, а дел од овој пакет содржи официјално писмо од Софија, депонирано во Брисел, дека македонскиот јазик е сиромашен дијалект на бугарскиот јазик. И во таа смисла фрапира изедначувањето, било во критиката, било во фалбата“, истакна Димитров, кој додаде дека бил во политиката, но не како партиски човек.