Вести Економија Македонија Најважни

Војната на Блискиот исток ги зголеми цените на нафтата и природниот гас

Со секој нов разменет ракетен напад меѓу Иран и Израел цената на нафтата и природниот гас на светски берзи расте и за тргувањето и фјучерсите се плаќаат далеку повисоки суми. По драстичниот скок на цената на нафтата и гасот минатиот петок вчера исто така е забележан нов сериозен пораст на цените на двата енергенси. Цената на нафтата во моментов варира меѓу 74 и 75 американски долари за барел и е блиску до ланскиот максимум а цената на природниот гас за само четири дена поскапи за над 20 проценти.

Од Регулаторната комисија информираат дека секојдневно ја следат состојбата на светските берзи и текот на настаните на Блискиот Исток и не ја исклучуваат можноста да има корекција на цените на дериватите. Претседателот на Регулаторната Комисија Марко Бислимовски вели дека ескалацијата на состојбата влијае врз одлуките на регулаторите и се надева дека нема да има сериозни поскапувања на дериватите во наредниот период.

„Во последните пет месеци имаме највисока цена на суровата нафта на светски берзи. Тоа се одразува на цената на нафтените деривати кои што ние ги користиме при пресметката на крајните цени за бензините и за дизелот во Македонија. Апсолутно да има влијание врз цените и одлуките на Регулаторната комисија. Во истиот период имаме одредено намалување на курсот на доларот во однос на денарот и тоа донекаде ја ублажува ситуацијата со високите цени на нафтените деривати. Не верувам дека дојде во ситуација кога ќе имаме енормно високи цени на нафтените деривати“, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Нападите врз изворите на природен гас во Иран влијаеа на цената овој енергенс  а со тоа и на цената на гасот на берзите која за само неколку дена е повисока за над 20 проценти односно од 32 евра за мегават час во моментов изнесува 40 евра за мегават час.

„Тоа мене повеќе ме плаши. Цената на природниот гас на најголемата берза во Европа е речиси 40 евра за мегават час, минатата недела беше 32 евра за мегават час. Она што е карактеристично е дека секогаш цената на електричната енергија на европската берзи ја следи цената на природниот гас така да имаме тренд на зголемување на фјучерсите за третиот и четвртиот квартал за годинава и за наредната за цени на електрична енергија“, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Од Регулаторна се децидни дека нема да има промени во цената на електричната енергија за домаќинствата до крајот на оваа година бидејќи количините за универзалниот снабдувач се обезбедени по цена од 62 евра исто како и загубите.

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, вели дека се следи состојбата и се одржуваат меѓу ресорни состаноци и доколку има ескалација на состојбата ќе се преземат конкретни мерки без да прецизира какви.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Американски конгресмени: Ако Иран не ја прекине нуклеарната програма, САД се подготвени да дејствуваат

Дејан Дејан

Прво анализа, па трајно решение – министерот Алиу за паркингот на Клинички

Дејан Дејан

Загинати 24 лица, повредени над 130 – биланс по еден од најобемните руски напади врз Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе