Вести Најважни Свет

САД подготвуваат дипломатско, но и воено решение за Иран

Израел ги интензивираше нападите врз Иран во текот на ноќта, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара од Иран безусловно предавање, во исто време разгледувајќи ја можноста за приклучување на Тел Авив во воздушните напади врз Исламската република.

Преку социјалните мрежи Трамп ја повтори израелската закана по животот врз ајатолахот Али Хаменеи, порачувајќи дека знаат каде се крие и дека не е толку тешка мета. Но, и покрај воинствената реторика на американскиот претседател, неговата администрација е поделена во однос на евентуалната воена интервенција на страната на Израел.

„Не сум видел изјава од Пит Хегсет или кој било друг за тоа какво би можело да биде правното овластување за ваков напад. Исто така е јасно дека многу од поддржувачите на претседателот Трамп, вклучувајќи и некои од неговите највисоки советници, не се многу заинтересирани САД да се вмешаат во, како што велат, уште една војна на Блискиот Исток, или како што ги нарекуваат „вечните војни“ изјави Томас Варик – Атлантски совет.

Соочени со сè поинтензивни израелски воздушни напади, Иран забележливо го намалува обемот на ракети кои ги лансира кон Израел. Дали тоа е резултат израелскиот успех да неутрализира голем дел од ракетниот арсенал, или не, Техеран не открива. Сепак, Револуционерната гарда по синоќешното ракетно салво тврдеше дека Иран владее со небото над окупираните територии.

„Вечерва моќните и маневарски ракети „Фатах“ ги потресоа засолништата на Ционистичките кукавици откако го пробија нивниот антиракетен штит, испраќајќи моќна порака до сојузникот на Тел Авив кој подбуцнува војна, изгубени во нивните заблуди и празни фантазии“ рече Полковник Иман Таџик – Портпарол на Операцијата „Вистинско ветување 3“.

Иранските тврдења за голема штета врз Израел не можат да бидат потврдени, затоа што Тел Авив не им дозволува на медиумите да снимаат ниту емитуваат снимки од погодените места.

Израелските владини и воени претставници, како и безбедносните експерти продолжуваат да инсистираат дека Израел победува во оваа војна, но во исто време голем дел од нивните дипломатски напори се насочени кон тоа да ги убедат САД да се приклучат во воздушните напади.

„Ова е кралството на теророт, ова е регионалниот агресор, ништо преку дипломатските канали не успева со нив, ништо. Не престануваат да се приближуваат до нуклеарно оружје, и ние не можеме да ја ставиме иднината на нашата нација во рацете на луѓе кои посакуваат смрт за Израел и смрт за Америка, и навистина го мислат тоа“ изјави Јоав Галант – поранешен министер за одбрана на Израел.

Според американските медиуми, планот на САД е трајно затворање на овој конфликт на Блискиот Исток, а за неговото остварување подготвуваа два дијаметрално спротивни пристапи, дипломатски и воен.

Дипломатскиот се состои во подготвување на пакет спогодби, на кои се надеваат дека ќе го принудат режимот да се согласи. Во тој пакет меѓу другото САД ќе побараат Техеран трајно да се откаже од својата нуклеарна програма и да ја препушти контролата врз капацитетите за збогатување ураниум, а во замена Вашингтон ќе ги повлече економските санкции.

Другиот пристап е воениот. Американската армија веќе транспортирала 30-на ер танкери во Европа, а морнарицата го пренасочи носачот УСС Нимиц и неговите 5 разурнувачи од Јужното Кинеско море во источниот Медитеран.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за здравство ќе го преземе водството за Кочани – најави нов центар за млади и вработувања во болниците

Дејан Дејан

Судирот меѓу Израел и Иран води кон астрономски скок на цената на нафтата – драма на светските пазари

Дејан Дејан

ССМ пресмета поскап живот, Владата анализира дали треба мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе