Вести Свет

Расте бројот на жртви од најмасовниот руски напад врз Киев

Расте бројот на жртви од најмасовниот руски напад врз Киев од почетокот на инвазијата, според украинските власти има над 20 загинати луѓе.

Во нападот се повредени најмалку 134 луѓе, а цел на офанзивата биле 27 локации во главниот град на Украина.

„Вкупно 21 лице загина во главниот град, а 134 се повредени“, напишаа службите за итни случаи на своите канали на Телеграм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски  го нарече овој напад „еден од најстрашните“ што Русија го извршила врз Киев откако започна инвазијата во февруари 2022 година.

Во нападот нападот се  употребени повеќе од 440 дронови и 32 ракети, што ја прави оваа офанзива една од најжестоките и најобемните досега.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Завршни зборови на судењето за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Данска бара Македонија да помогне и да направи исчекор кон ЕУ

Дејан Дејан

Министерството за здравство ќе го преземе водството за Кочани – најави нов центар за млади и вработувања во болниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе