Вести Македонија

Ново сообраќајно решение во Дебар маало?

Идејата на Општина Центар, Дебар маало за време на викендите да стане пешачка зона е ставен на хартија. Отатму велат дека планот е скроен и наскоро ќе биде испратен до останатите надлежни институции. Се чека зелено светло од МВР. И деодека чекаат да почне примената на викенд-сообраќајното решение, граѓаните со поделени мислења. За едни одлична можност да стивне сообраќајниот метеж – други се плашат дека им го отежни секојдневието.

Идејата е одлична, вели поранешниот директор на ПОЦ Васко Кичевски, но е скептик дека ќе се реализира.

„Ако ги затвораме целото Дебар маало и направиме еден таков сериозен потфат тоа ќе значи дополнително оптоварување на мрежата. И не поради некој што сака или не сака да го спроведе ова како МВР или град Скопје, сепак се работи за едно ново снимање кое што треба да се направи, на стационарниот, на динамичкиот сообраќај во Дебар маало бидејќи имаме нова улица а тоа е улицата Орце Николов е по еден нов режим , воведен е еден друг режим кој што треба да се земе во предвид“, вели Васко Кичевски поранешен директор на ПОЦ.

Триото општина,град и МВР треба да седнат на маса и заедно да најдат реално и остварливо решение, потенцира Кичевски.

„Потребна е цела анализа, година дена снимање минимум за да може да се направи едно вакво решение, бидејќи ако затворите вие еден дел, една улица, сообраќајот негде ќе се пренасочи и стационарниот и динамичкиот, тој некаде треба да биде прифатен. Не може вие да дозволите да затворите една улица без да имате план што ќе правите понатака со возилата“, вели Васко Кичевски поранешен директор на ПОЦ.

 Планот предвидува од петок во 18 часот до понеделник во 6 часот наутро, сообраќајот да биде строго контролиран, а влезот во зоната да биде дозволен само за жителите кои ќе имаат посебна дозвола. Сите останати возила ќе имаат право да влезат, но само доколку излезат од зоната во рок од 15 минути. Во спротивно, ќе следуваат казни. Се предвидува транзитно поминување, но не и долготрајно паркирање или престој. Проектот општината треба да го достави до Град Скопје, а потоа да биде проследен до СВР Скопје, кој треба да одлучи дали ќе го одобри сообраќајниот план.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД подготвуваат дипломатско, но и воено решение за Иран

Дејан Дејан

Угостителски услуги во дивоградби, елаборатите не соодветствуваат со реалната слика – в.д. градоначалникот на Кочани поднесе кривична за узурпација и бесправна градба во ТЦ Кочани

Дејан Дејан

Завршни зборови на судењето за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе