Вести Свет

Може да излезат само дипломати и туристи – Израел им забрани на своите државјани да ја напуштаат земјата

Израел им забрани на своите државјани да ја напуштаат земјата. Како образложение за тоа наведе безбедносни проблеми по ескалацијата на конфликтот со Иран.

Според весникот Харец, владата им наложила на домашните авио-компании да не дозволуваат на израелските државјани да се качуваат на летови за заминување, бидејќи растел стравот од потенцијални ирански одмазнички напади врз израелските аеродроми. Главниот меѓународен аеродром во Израел, Бен Гурион останува затворен до укинување на одлуката.

Израелската министерка за сообраќај Мири Регев нагласи оти во моментот е дозволен излез од земјата само на државјани кои не се израелски, како дипломати и туристи. Таа потврди дека израелската влада подготвува операција за репатријација на повеќе од 100.000 израелски државјани кои моментно се наоѓаат во странство, мисија за која додаде дека ќе се спроведува плански и во фази.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД подготвуваат дипломатско, но и воено решение за Иран

Дејан Дејан

Угостителски услуги во дивоградби, елаборатите не соодветствуваат со реалната слика – в.д. градоначалникот на Кочани поднесе кривична за узурпација и бесправна градба во ТЦ Кочани

Дејан Дејан

Завршни зборови на судењето за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе