Вести Свет

Калас: Русија веќе претставува директна закана за Унијата

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, порача дека Русија веќе е директна закана за Европската Унија. Таа предупреди на акти на саботажа, кибер-напади, како и зголемено воено трошење кое ги надминува трошоците на сите 27 земји-членки на ЕУ заедно.

Калас посочи и на повреди на воздушниот простор, провокативни воени вежби, како и напади врз енергетска и подморска инфраструктура. Изјавата на Калас доаѓа во момент на зголемена загриженост меѓу европските земји поради ескалацијата на руските напади врз Украина, како и неколкуте случаи на откриена руска саботажа во земји-членки на ЕУ, вклучувајќи Полска, Германија и Чешка.

Таа ги повика лидерите на ЕУ на зголемена одбранбена соработка, подобра размена на разузнавачки информации и засилени инвестиции во заедничка безбедност, со цел блокот да биде подготвен за сите идни предизвици.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Угостителски услуги во дивоградби, елаборатите не соодветствуваат со реалната слика – в.д. градоначалникот на Кочани поднесе кривична за узурпација и бесправна градба во ТЦ Кочани

Дејан Дејан

Завршни зборови на судењето за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Данска бара Македонија да помогне и да направи исчекор кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе