Околу 200 луѓе во Берлин се обидоа да ја поттикнат градската власт да ја укине забраната за пливање во реката Шпреја, која е забранета поради загадување и ризик од болести. Групата „Fluss Bad Berlin“ организираше протест-пливање во централниот дел на градот, прикажувајќи дека водата е доволно чиста и безбедна за пливањe.
Тие посочуваат дека во последната деценија квалитетот на водата значително се подобрил и дека градските власти, вклучително и општината во центарот на Берлин, размислуваат за повторно отворање на реката за пливачи во 2026 годинa.
Сличен пример е Париз, каде реката Сен беше отворена за пливачи минатата година по децении забранa. Главните предизвици остануваат заштитата на културното наследство на крајбрежјето и обезбедување безбедност поради метежот од бродови, но групата сака да почне со дел од каналот каде нема бродски сообраќај.