Вести Македонија

АХВ нема надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборат

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека  нема надлежност да постапува за прашањата што беа наведени во прес-конференцијата на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, а во која тој побара одговорност за издавањето дозволи за работа на угостителските објекти.

-Агенцијата за храна и ветеринарство е надлежен орган за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните. По однос на прашања кои се однесуваат на заштита и здравје при работа, АХВ нема надлежност за постапување, како што нема надлежност ниту во делот на издавање елаборати за HACCP, ниту е надлежна за приклучување на електричната мрежа. Основно е операторите да се регистрираат како оператори со храна во АХВ за што, освен пополнетото барање за регистрација на објектите и операторите со храна од неживотинско потекло, потребно е да го достават и решението за упис во Централен регистар, доказ за право на користење на објектот – имотен лист, купопродажен договор, договор за закуп и слично, и доказ за платена административна такса. Кај дискотеките се регистрира само шанк каде се служат пијалаци, се истакнува во известувањето од АХВ.

Од  Агенцијата наведуваат дека  инспекциски надзори кај операторите со храна се вршат како редовни, согласно Годишниот план за вршење инспекциски контроли, и вонредни – по издаден работен налог или по поднесена претставка, односно иницијатива.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво анализа, па трајно решение – министерот Алиу за паркингот на Клинички

Дејан Дејан

Загинати 24 лица, повредени над 130 – биланс по еден од најобемните руски напади врз Киев

Дејан Дејан

САД подготвуваат дипломатско, но и воено решение за Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе