Вести Свет

Осумстотини кинески државјани веќе се евакуирани од Иран

Кина евакуираше 800 свои државјани од Иран, откако Израел минатата недела започна воена операција.

Пред шест дена , израелската армија започна невидени напади врз Иран, тврдејќи дека сака да го спречи Техеран да се здобие со нуклеарна бомба. Како одговор, Иран вети дека безмилосно ќе го бомбардира Израел додека не завршат нападите, јавија светските агенции.

Вкупно, „791 кинески државјани веќе се префрлени од Иран во безбедни области, а повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани“, изјави Гуо Џиакун, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, на редовниот брифинг.

Тој додаде дека кинеските граѓани се исто така безбедно евакуирани од Израел.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска бара Македонија да помогне и да направи исчекор кон ЕУ

Дејан Дејан

Министерството за здравство ќе го преземе водството за Кочани – најави нов центар за млади и вработувања во болниците

Дејан Дејан

Судирот меѓу Израел и Иран води кон астрономски скок на цената на нафтата – драма на светските пазари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе