Вести Економија Магазин Свет

Организацијата Трамп ќе произведува златни телефони – експертите скептични

Експертите се скептични за тврдењето на Организацијата Трамп дека нејзиниот предложен паметен телефон може целосно да се произведе во САД. Според нив би било „практично невозможно“ златниот телефон кој ќе се продава по цена од 499 долари да се произведува во Соединетите Држави. Покренати се и прашања за етиката за обидот да се профитира во име на сегашниот американски претседател.

„Неверојатно е што семејството Трамп создаде уште еден начин претседателот Трамп лично да профитира додека е на функција“, рече Меган Фолкнер, директорка за комуникации на „Граѓани за одговорност и етика“ во Вашингтон.

Златниот телефон во пакет ќе оди со месечна телефонска претплатаод 47,45 долари, а бројката реферира за тоа како Трамп е 47-ми, а бил и 45-ти претседател на земјата.

Трамп изјави дека ги ставил своите деловни интереси во фонд, кој го управуваат неговите деца. Белата куќа тврди дека тој дејствува во интерес на сите Американци. Но Фолкнер од „Граѓани за одговорност и етика“ рече дека најновиот потфат покренал познати прашања како претседателот ќе креира политики и регулативи за индустријата во која неговото семејство сега има удел.

Семејството Трамп не кажа која компанија ќе го произведува нивниот телефон во Соединетите Американски Држави.

„На крајот, сите телефони можат да се произведат во Соединетите Американски Држави“, рече Ерик Трамп во подкастот „The Benny Show“ во понеделник – сугерирајќи дека телефоните објавени во август можеби не се целосно произведени во земјата.

Технолошките експерти го доведоа во прашање тврдењето на Организацијата Трамп „произведено во Соединетите Американски Држави“ за нејзините мобилни телефони и тврдеа дека веројатно во моментов не е можно да се произведуваат паметни телефони од нула во САД.

„Тие дури и немаат работен прототип. Тоа е крајно неверојатно“ рече професорот Тинглонг Даи, кој предава управување со операции на бизнис школата Кери на Џонс Хопкинс.

„Ќе треба да имате чудо. Ќе треба да имате економии на обем. Ќе треба да имате одржлива побарувачка за ваков вид производ“, додаде професор Даи.

Одлуката доаѓа во време кога Трамп се обидува да изврши притисок врз извршниот директор на Apple, Тим Кук, да произведува „Ајфон“ телефони што ќе се продаваат на американски купувачи во САД. Минатиот месец, претседателот се закани дека ќе воведе данок на увоз од 25% „барем“ на „Ајфон“ телефони што не се произведуваат во Америка.

Аналитичарот Лео Геби од CCS Insight забележа дека САД во моментов „едноставно немаат високотехнолошки синџир на снабдување“ потребен за склопување на паметни телефони, особено не на време за да биде достапен на пазарот во август, како што соопшти Организацијата Трамп.

„Сепак, можно е уредот да се склопи во САД со делови увезени од странство. Ова може да биде најверојатниот исход што ќе му овозможи на T1 да го побара американскиот суверенитет“, рече Геби.

Договорот е продолжение на деловната стратегија што Трамп ја прифати долго пред неговото претседателствување, склучувајќи договори за продажба на своето име на хотелиери и оператори на голф терени во замена за хонорари и авторски права, а можностите за профитирање од неговиот бренд се проширија откако тој влезе во политиката пред една деценија.

Во неговото најново финансиско откривање, Трамп објави дека минатата година заработил повеќе од 600 милиони долари, вклучувајќи милиони од производи како што се Библии со бренд на Трамп, часовници, патики и парфеми.

Форбс во март ја процени неговата нето вредност на 5,1 милијарда долари, повеќе од двојно во однос на претходната година. Се вели дека порастот делумно се должи на „тврдокорните следбеници“ на претседателот, на кои им се припишува помошта во одржувањето на вредноста на компанијата за социјални медиуми на Трамп што ја води платформата Truth Social, која сочинуваше околу половина од неговото богатство минатата година.

Идејата за паметен телефон поврзан со Трамп доби мноштво реакции на интернет, при што некои луѓе се подготвени да го купат, а други се потсмеваат на концептот.

„Каде треба да чекам во ред за да го купам новиот телефон на Трамп?“ напиша еден корисник на „X“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ќе се следат цените и во јуни, ако продолжи поскапувањето, економија оди со мерки во јули

Дејан Дејан

Што ќе избере Трамп – ќе се приклучат ли САД на израелските напади против Иран?

Дејан Дејан

Дурмиши: Даваат резултат мерките кои ние ги донесовме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе