Вести Македонија

Почина новинарoт Владимир Лапе

На ден 16.06.2025 година во Скопје по кратко боледување почина Владимир Лапе, долгогодишен новинар доајен на македонското новинарство. Роден е во Скопје во 1946 година.

Со новинарство започна да се занимава уште од студентски денови во средината на 60тите години во редакцијата Млади за млади во тогашното радио Скопје, а кон крајот на 60тите и како еден од уредниците на првиот бран прогресивни новинари уредници на неделникот за млади “Фокус”.

Во Македонската телевизија тогашна Телевизија Скопје започнува со работа во 1970 година и ги поминува сите професионални скалила, од новинар коментатор, водител, до главен и одговорен уредник за надворешна политика на МРТВ.

Во текот на кариерата известувал за сите позначајни настани од значење за надворешната политика на Македонија, од сите континенти, вклучувајќи го приемот на Македонија во ООН во април 1993 година. Целиот свој работен век го посвети на новинарството и се пензионираше во 2010 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Организацијата Трамп ќе произведува златни телефони – експертите скептични

Дејан Дејан

Израел ликвидирал уште еден висок ирански воен офицер

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до Радев – докажете дека немате нови услови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе