Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот Фејсбук профил информираше дека Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер ја уважила нејзината жалба, со која укажала дека Собранието ја крие документацијата за патните трошоци и кириите на пратениците. Mојсоска информира дека поднела и лично барање како физичко лице за пристап до информации и дека добила само вкупен износ на исплатени средства, без детална распределба по пратеник. Таа додава дека Собранието сега има рок од 15 дена да ги достави побараните информации. Мојсоска испрати и политичка порака до власта: „Народот ви даде референдумска поддршка за да направите промена, а не за да се однесувате како фрустрирани насилници кои демонстрираат моќ.“
Мојсоска: Собранието ќе мора да ги обелодени патните трошоци на пратениците
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.