Вести Македонија

Кочанскиот суд нема судии за оценка на обвинението за пожарот во Пулс и бара надлежноста да се префрли на друг суд

Кочанскиот суд бара да биде изземен од оценување на обвинителниот акт за пожарот во Пулс  поради законски пречки потврдија за Телма од судот. Сите 5мина судии  до сега постапувале при определување на мерки за обвинетите и не можат истите да одлучуваат и за обвинителниот акт велат од судот, повикувајки се на ЗКП

-Основниот суд Кочани нема доволен број на судии кои може да одлучуваат за оцена на обвинтелниот акт за предметот поврзан со пожарот во дискотеката ” Пулс”. Од овие причини е побарано иземање на истиот односно барање на определување на друг стварно надлежен суд кој би постапувал за оцена на обвинителниот акт , до Апелациониот суд Штип, бидејки Основниот суд Кочани има шест судии од кои едниот е судија од редот на судиите  на АСЈО и истиот се уште не може да постапува по овој предмет со оглед на предвидената кривична санкција за кривичното дело за кое се товарат обвинетите, велат од Основниот суд Кочани

Од штипска Апелaција за Телма велат дека ќе донесат одлука откако ќе ги согледаат сите околности за тоа дали кочанскиот суд може да постпаува или не. Претходно ќе побараат  мислење и од виштото обвнителство за пренесување на надлежноста.

Доколку второстепниот суд го прифати барањето на кочанскиот суд, надлежноста може да ја пренeс на друг суд од истото апелционо подрачје.  За надвор од ова штипското апелационо подрачје може да одлучи Врховниот суд.

Другата можност е делегирање на судии.  Кочанскиот суд уште пред трагедијата побарал од Судски совет да делегира судии за да може да функционира нормално и ажурно. Судски совет пред еден месец делегираше  само една судијка од Велес да оди во кочанскиот суд но според информациите на Телма таа се жалела и Врховен ја укинал одлуката.

Со проблемите што ги им има кочанскиот суд се отвора и дилема  и за тоа каде ќе се суди овој предмет со 34 обвинети

Деновиве овој суд одлучува за мерките за обезбедување присуство што ги предложи обвинителството, заедно  со обвинението за трагедијата во Кочани. Кривичниот совет кој постпаува е составен од претседателот на судот и двајца делегирани судии еден од штипскиот и еден од виничкиот суд. Двајцата судии се делегирани од штипска Апелација.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел му се закани на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи

Дејан Дејан

Трамп со порака до режимот во Техеран: БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!

Дејан Дејан

Организацијата Трамп ќе произведува златни телефони – експертите скептични

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе