Вести Свет

Јусеин Болт ќе биде бренд амбасадор на „Експо 2027“ во Белград – „Молњата од Јамајка“ на средба со Вучиќ

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри и освојувач на златен медал на олимписките игри во Пекинг (2008 година), во Лондон (2012 година) и во Рио де Жанеиро (2016 година), Јусеин Болт ќе биде еден од бренд амбасадорите за специјалната меѓународна изложба Експо што ќе се одржи во Белград во 2027 година. Спринтерот од Јамајка претпладнево беше во српската престолнина, на средба со претседателот Александар Вучиќ.

Вучиќ по средбата рече дека „Експо 2027“ ќе има неколку амбасадори и оти еден од нив ќе биде најбрзиот човек на денешницата.

„Сакаме Експо да биде најголемиот настан во светот. Тоа и ќе биде во 2027 година. Специјализираната изложба – игра и музика во Србија, ќе биде најголемиот настан на планетата“, рече Вучиќ.

Според него, учеството на „Експо 2027“ досега го потврдиле 115 држави. Како што нагласи, на „Експо во Астана учествувале 117 земји, а очекува тој број да достигне до 135, кога Србија ќе биде домаќин. Меѓу бренд амбасадорите на настанот, Вучиќ најави дека ќе има и некои од најпознатите светски актери и фудбалери.

„Но, никој кој е апсолутно ненадминат, како што е Јусеин Болт“, додаде Вучиќ.

Болт возврати дека му е голема често што за првпат е во Србија и што ќе може да го претстави Експо на целиот свет.

„По разговорот што претходно го имав со претседателот, разговараме за проширување на сето ова и како Србија ќе продолжи да се развива“, рече Болт според кого Експо е одлична можностза развој на една земја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Организацијата Трамп ќе произведува златни телефони – експертите скептични

Дејан Дејан

Израел ликвидирал уште еден висок ирански воен офицер

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до Радев – докажете дека немате нови услови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе