Вести Свет

Брутален руски напад на Киев

Најмалку 17 луѓе се убиени, а над 100 се повредени по масовниот руски напад со ракети и беспилотни летала врз Киев во текот на ноќта.  Силите на Москва два часа лансирале над 400 воздушни оружја во текот на ноќта, вклучувајќи речиси 280 беспилотни летала од типот „Шахед“ и две балистички ракети „Кинжал“. Нападот бил насочен кон Киев.

-Русите го погодиja Киев. Живеам блиску до местото каде што се случи нападот. Беше многу гласно, беше страшно, не може да се опише, изјави Владислава Лебедева-студент

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека касетна муниција е пронајдена во еден дел од градот и дека стравува оти бројот на мртви може да се зголеми.

Уште еден напад  од руски варвари. Сведочиме на значително уништување во округот Соменски. Се надеваме дека нема да има жртви под урнатините, но тоа не може да се гарантира, а бројот на мртви може да се зголеми. Штабови се основани во сите делови на градот каде што има итни ситуации, изјави Виталиј Кличко-градоначалник на Киев.

Претседателот на Украина Волдимир Зеленски кажа дека Киев во текот на ноќта бил погоден од еден од најтешките напади од почетокот на војната.

Властите на Киев сега се обидуваат да извадат колу што е можно повеќе луѓе од под урнатините од  станбена зграда која беше погодена од нападот. Колку од нив засега не е јасно. Русите го уништија целиот влез. Има многу оштетени згради во осум окрузи на Киев. Работата сè уште трае по ударот, спасувачите работат на сите места кои се погодени, напиша Володимир Зеленски на Фејсбук.

Од другастрана Руските единици за воздушна самоодбрана соопштија дека уништиле над 50украински беспилотни летала на регионот Белгород. Руските напади врз Украина се интензивираа во мај и јуни, при што Москва започна неколку рекордни масовни напади врз Киев и други градови.

Кристина Кузмановски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Даваат резултат мерките кои ние ги донесовме

Дејан Дејан

Израел му се закани на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи

Дејан Дејан

Трамп со порака до режимот во Техеран: БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе