Американците во Израел се уште не можат да бидат евакуирани, бидејки амбасадата на САД во Ерусалим не е во можност да ги евакуира или пак директно да им помогне да ја напуштат земјата.
Според соопштението од Амбасадата денеска ќе биде затворена, поради што и им наложи на сите вработени во американската влада и нивните семејства да останат во засолништа во близина на нивните домови до следно известување.
Во меѓувреме, Иран ги продолжи своите ракетни напади врз Израел.
Израелските одбранбени сили соопштија дека Техеран испалил помалку од десет балистички ракети преку ноќ, додавајќи дека ова е значително помалку отколку во претходните ноќи.